Русија не поддржа продолжување на мандатот на МТПЈ

На гласањето во Советот за безбедност на ООН Русија не ја поддржа резолуцијата за продолжување на мандатот на судиите обвинителот на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија, изразувајќи уште еднаш разочараност поради одолговлекувањето на судските процеси.

Русија се воздржа од гласање, а 14 преостанати членки на Советот за безбедност на ООН гласаше за резолуцијата за продолжување на мандатот на 17 судии на трибуналот од 3 до 12 месеци или „додека не ги завршат процесите кои им се доверени“. Серж Брамерц повторно е избран за главен обвинител на МТПЈ, пренесува ТАСС.

СБ ООН бараше МТПЈ што побрзо да ја заврши својата работа и да помогне во затворањето на трибуналот, а исто така изрази загриженост по повод забавувањето на судските процеси. Раководството на трибуналот беше потсетено дека со резолуцијата 1966 од 2010 година е предвидено кривичниот суд да заврши со работа до крајот на 2014 година, а според одлуката донесена во 2003 година, МТПЈ требаше да биде укинат во 2010 година.

Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Евгениј Загајнов објасни дека Москва не сака да ја поддржи резолуцијата за продолжување на мандатот затоа што нема никаков напредок во прашањето за затворање на судот. Конечното изрекување пресуда на Воислав Шешељ би бил првиот знак дека МТПЈ променил нешто во својата работа, рече Загајнов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.