Властите на САД ја симнаа ознаката за воена тајна од списокот на Стратешката воздухопловна команда од 1950-те години за целите на нуклеарен напад врз СССР.
Москва и Ленинград (денешен Санкт Петербург) очекувано биле први на списокот. Во Москва биле определени 179 цели, а во Ленинград 145, меѓу кои има и густо населени реони. Стратешката команда на САД пред сѐ сакала да ги уништи воздухопловните сили на СССР. На списокот има дури 1100 аеродроми, а на прво место се базите за бомбардерите Ту-16 во Бихово и Орша (Белорусија). Потоа е планирано бомбардирање на големите советски индустриски претпријатија. „Како и на огромен број недолжни жртви“, пишува „Национален интерес“. „Цивилното население е свесно ставено на списокот“.
Планот предвидувал намерна ликвидација на населението во Москва, Ленинград, Источен Берлин, Варшава, Пекинг, велат истражувачите на Архивата на националната безбедност на САД. „И покрај тоа што намерното уништување на цивилното население било во директна противречност со меѓународните норми во тоа време (освен на луѓе во близина на воени објекти).
И покрај влегувањето во нуклеарната ера, стратегијата на Воздухопловната команда на САД повеќе потсетувала на бомбардирањето на Германија и Јапонија во текот на Втората светска војна отколку на посовремените методи, забележува американското списание.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче