Министерство за одбрана на РФ: Турција призна дека намерно го собори Су-24

Турција ги знаела точното време и реонот во кој соборениот Су-24 ќе ја извршува својата борбена задача во Сирија, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков.

Турција ги знаела точното време и реонот во кој соборениот Су-24 ќе ја извршува својата борбена задача. Изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков. Турските власти исто така биле запознаени со бројот на борбени летови на ВКС РФ во Сирија. Тоа докажува дека Анкара добива податоци од САД.
 
„Така и на 24 ноември, кога турскиот ловец со предавничка ракета го гаѓаше нашиот бомбардер Су-24, турскиот Генералштаб одлично знаел во кое време и во кој реон ќе извршуваат борбена задача два руски бомбардери“, нагласи Конашенков. 

Тој исто така истакна дека авијацијата на ВКС РФ извршила 302 борбени летови во периодот од 18 до 23 декември. Извршени се преку илјада напади врз објекти на терористите во пет сириски покраини - Алепо, Идлиб, Деир ел Зор, Хама и Хомс, пренесе „ТВ Ѕвезда“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња