Специјалниот претставник на претседателот на РФ за Авганистан Замир Кабулов во интервју за „Интерфакс“ зборуваше за совпаѓањето на интересите на Москва и авганистанските Талибанци во борбата против ИДИЛ.
Кабулов изјави дека руската авијација нема намера да дејствува во Авганистан и дека Талибанците и без барање од Москва чувствуваат дека ИДИЛ се обидува да ги искористи за глобален џихад. „И авганистанските Талибанци, и пакистанските Талибанци рекоа дека не го признаваат Ал-Багдади за калиф и дека не ја признаваат ИДИЛ. Тоа е многу важно.
Интересите на Талибанците и без стимулирање објективно се совпаѓаат со нашите“, вели Кабулов.
Тој исто така потсети дека Москва и Талибанците имаат канали за врска за размена на информации.
Москва е подготвена да испорачува оружје за Авганистан, тоа ќе го прави „претпазливо, и генерално, на комерцијална основа“, изјави специјалниот претставник на претседателот на РФ во Авганистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче