Стејт департментот нема податоци за руско бомбардирање на цивили во Сирија

Стејт департментот на САД не ги потврди информациите за наводно руско бомбардирање на сирискиот град Идлиб при што загинале цивили, пренесоа медиумите.

„Не сум сигурен во поглед на исходот од тоа бомбардирање. Го видовме тоа соопштение, но предлагам да се обратите по тој повод до Москва“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, пренесува „Взгљад“.

Претходно шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу рече дека во наводното бомбардирање од страна на руските воздушни сили во сирискиот град Идлиб во неделата загинале 200 цивили, меѓутоа тоа тврдење не го поткрепи со никакви докази.    

Вчера портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не сака да ги коментира таквите соопштенија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња