Претседателот на Русиja Владимир Путин изјави за безалтернативноста на започнувањето на меѓусириските преговори под закрила на ООН и продолжување на борбата со „Исламската држава“ и другите екстремистички групи кои дејствуваат во Сирија, пренесува ТАСС.
Во телефонскиот разговор што се одржа во вторникот на иницијатива на израелскиот премиер, „договорено е да се поддржува активниот дијалог на различни нивоа, вклучително и со цел на понатамошна координација на дејствијата во антитерористичка насока“, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Во контекст на палестинско-израелското регулирање, претседателот на Русија ја потенцираше важноста на практичните чекори насочени за деескалација на ситуацијата“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Лидерите на земјите разменија мислења и за прашања поврзани со развојот на руско-израелската соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче