Кина ги осуди постапките на Турција против Су-24

Министерството за надворешни работи на Кина го изрази својот став околу инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24.

Министерството за надворешни работи на Кина го изрази својот став околу инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турското воено воздухопловство изјавувајќи дека инцидентот е загуба за меѓународните напори во борбата против тероризмот.

„Ние укажавме дека соборениот руски авион извршуваше мисија по барање на сириската страна. Тој беше соборен, извршувајќи ја својата мисија за уништување на терористички цели на територијата на Сирија. (Нападот врз рускиот авион) е загуба за меѓународните напори во борбата со тероризмот“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Хун Леи, пишува „Взгљад“.

Специјалисти од Кина учествуваа во дешифрирањето на „црните кутии“ на Су-24.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.