Кризата во односите меѓу Турција и Русија, која настана по соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија од страна на турското воено воздухопловство, може да биде регулирана до март 2016 година. Вакво мислење искажа во интервјуто за весникот „Хабертурк“ турскиот министер за трговија и царина Булент Туфекчи, пренесува ТАСС.
„Ние правиме сѐ што зависи од нас и рускиот, и турскиот народ да не трпат штета. Претпоставуваме дека (кризата) нема долго да трае, во февруари-март тензиите ќе се намалат, ќе ослабат“, изјави министерот.
Според него, последниве денови е намален обемот на стока што се враќа од руската царина. „До денес од Русија се вратени само еден авион и 27 бродови“, соопшти тој.
„Ситуацијата постепено се нормализира“, додаде Туфекчи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче