„Украина соопшти дека од почетокот на идната година, искрено кажано, продолжува со имплементацијата на економскиот дел на спогодбата за асоцијација со ЕУ. Во тие услови ние мораме да го заштитиме нашиот пазар и нашите производители и не смееме да дозволиме под маска на украинска роба да дојде до увоз од други земји. Всушност, тоа значи дека од 1 јануари идната година спрема Украина ќе ги применуваме царинските увозни давачки предвидени со единствениот царински правилник на Евроазиската економска унија“, рече Медведев на состанокот со потпретседателите на владата, пренесува РИА „Новости“.
Освен тоа, од 1 јануари спрема Украина ќе бидат применети и возвратни економски мерки по повод нејзиното приклучување на антируските санкции на ЕУ и САД.
Русија во август донесе одлука да примени такви мерки врз повеќе земји - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Црна Гора и Албанија. Воведена е забрана за увоз на земјоделски производи, сировини и прехранбени производи. Украина тогаш беше исклучок, затоа што Москва изјави дека нема да воведе санкции ако бидат одржани одредени консултации и ако биде постигнат договор за економскиот дел од асоцијацијата со ЕУ.
Бидејќи Украина донесе одлука за имплементација, никакви посебни договори не беа постигнати, а од 1 јануари мерките ќе бидат применети и врз Украина, прецизираше Медведев и додаде дека ја потпишал соодветната уредба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче