„Непобедливиот“ Т-72 пристигна во воените единици

Компанијата „Омсктрансмаш“, дел од корпорацијата „Уралвагонзавод“, ја испорача последната партија модернизирани тенкови Т-72, соопшти прес-службата на „Уралвагонзавод“.

Модернизираните тенкови станаа, како што е нагласено, „практично непобедливи“. Во текот на модернизацијата особено внимание е посветено на заштитата на борбените возила. Кај тенковите Т-72 заштитата е на највисоко можно ниво. Тенкот располага со динамична заштита од противтенковско оружје и заштита од оружја за масовно уништување која го вклучува системот на опрема ПКУЗ-1А, противпожарна опрема со исклучителна брзина на дејствување.

Освен тоа, модернизираниот тенк Т-72 доби нов, помоќен агрегат, подобрена заштита, унапредено оружје, модерен повеќеканален нишански систем и уште многу други нешта. Сетот тоа овозможи да се подобрат тактичко-техничките карактеристики на борбеното возило.

Прес-службата исто така нагласи дека стручњаците на „Омсктрансмаш“ извршиле сервисирање и на други оклопни возила кои се дел од вооружувањето на руската војска во единиците ширум земјата.  

Многумина стручњаци го сметаат тенкот Т-72 за најдобар и најмасивен тенк на втората половина од дваесеттиот век. Овој тенк и неговите варијанти се произведуваат во дваесетина земји ширум светот, пишува „Росијскаја газета“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња