Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија со соопштение на својот официјален сајт, пренесува „Лента.ру“.
„Место да се гради конструктивна соработка во спротивставувањето на клучните предизвици на современоста, како што е меѓународниот тероризам, во европскиот Брисел претпочитаат кратковидо да играат санкциски игри“, се вели во соопштението.
Министерството ја истакнува желбата на ЕУ да ја казни Русија „за нешто што не зависи од неа, а во што има учеството самата (ЕУ)“. Според мислењето на МНР РФ, продолжувањето на санкциите е лицемерно, а Брисел „останува заложник на сопствените погрешни пресметки“.
Поврзувањето на мерките за ограничување со решавањето на конфликтот на југоистокот на Украина во МНР РФ го сметаат за вештачко и неосновано, затоа што Москва себеси не се смета за виновна за започнувањето на овој конфликт.
„Од своја страна безусловно придонесуваме за решавање на конфликтот, придонесуваме за исполнување на минскиот „пакет-мерки“ од страните, конструктивно учествуваме во работата на Контакт-групата и „Нормандиската четворка“, се вели во изјавата на МНР. Од рускиот дипломатски ресор истакнуваат дека во 2015 година „се постигнати исчекори“ по прашањата за повлекување на оружјето и прекин на огнот и се работи на економските и хуманитарните аспекти, но Киев ги девалвира тие обиди со тоа што не ги исполнува условите од „Минската спогодба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче