Либија ќе може да се обрати до Русија со барање за воздушни удари врз „Исламската држава“ единствено по формирањето на влада на национално единство, изјави за агенцијата „Спутник“ шефот на МНР Либија Али Абу Заакук, пренесува РИА „Новости“.
„Таа одлука може да биде донесена кога ќе има влада на национално единство – имено таа ќе донесе таква одлука. Во моментов се стремиме кон формирање таква влада“, изјави министерот.
Се очекува делегацијата на либиската влада да има средба во МНР РФ во Москва.
Претставниците на спротивставените либиски парламенти и влади, кои владеат на истокот и на западот на земјата, на 17 декември потпишаа договор за мирно решение и формирање влада на национално единство. Се очекува договорот да стави крај на граѓанската војна во земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче