„Не располагаме со таква информација. Дотолку повеќе што повторно информацијата е индиректна, без некакви извори. Овде одвај може да се каже нешто“, рече Песков, коментирајќи ја веста на „Вол Стрит Џурнал“ за наводно загинување на деветмина Руси кои војуваат во Сирија на страната на Башар Асад, пренесува „Взгљад“.
Песков исто така соопшти дека Кремљ не ги коментира соопштенијата во медиумите за наводни жртви од воздушните напади на ВКС Русија во сириската провинција Идлиб.
„Тоа воопшто нема да го коментирам. Со целата информација од контролата на резултатите од нанесувањето на удари располага Министерството за одбрана. Всушност, тоа е нивна тема. Ви препорачувам да се обратите до нив“, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче