Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин на интернет објави видео-снимка во која ги покажува своите вештини за стрелање од пиштол.
„Сите патишта водат на стрелиште”, се пошегува Рогозин на својот Твитер-профил, пренесува РИА „Новости”.
Рускиот политичар без потешкотии ги погоди сите мети, а исто така покажа и како се стрела од два пиштоли, што во Русија се вика гаѓање „на македонски начин”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.