Путин: Нема да го оставиме Донбас на милост на националистите

Русија нема да го остави населението од југоистокот на Украина на милост и немилост на националистите, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Западот смета дека е „потребно да се изврши притисок врз Русија за таа да попушти за некои работи“, пренесува „Взгляд”.

„Не е наша работа да навалуваме некаде или да инсистираме на нешто, ние поаѓаме само од едно нешто - дека не можеме да ги препуштиме на милост и немилост луѓето кои живеат на југоистокот на Украина”, изјави рускиот претседател, истакнувајќи дека се работи за целокупното население на Донбас кое зборува руски јазик и „се ориентира кон Русија“.

Во документарниот филм „Светски поредок” Путин изјави дека Русија не планира да го возобнови Советскиот Сојуз, но Западот не може да спие дури ни од хипотетичката можност за тоа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.