Путин: Европа им препушти дел од својот суверенитет на САД

Дел од европскиот суверенитет е даден на лидерот на НАТО – САД, изјави претседателот на Русија Владимир Путин и го наведе како пример влегувањето на американските сили во Ирак.

Проблемот на Европа се состои во тоа што таа не спроведува самостојна надворешна политика. Таа, во суштина, се откажа од неа и предаде дел од својот суверенитет не толку на НАТО, колку на САД, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.

„Проблемот на Европа е во тоа што таа е спроведува самостојна надворешна политика. Воопшто“, рече Путин во документарниот филм на Саида Медведева „Светски поредок“. Стенограмите на фрагментот од филмот се објавени на сајтот „Вести ру“.

„Во принцип, тоа е потполно во ред, кога дел од суверенитетот на членки на воено-политички блок се пренесува на наднационални органи“, додава тој. Но во наведениот случај дек од европскиот суверенитет не е предаден толку на НАТО, колку што е на лидерот на пактот – САД, потенцира Путин.

Како пример рускиот претседател го наведе влегувањето на американските сили во Ирак, потсетувајќи дека Германија и Франција тогаш беа против и им кажуваа дека не се во право.

„Се покажа дека истиот тој (поранешен претседател на Фрација Жак) Ширак, кој имаше многу блиски, доверливи односи со сунитскиот дел од Блискиот Исток, тој уште тогаш предвиде, тој, патем, е човек со енциклопедиски знаења, тогаш предвиде до што ќе доведе тоа. Ете сега доведе до рушење на државите во тие земји, доведе до тоа тероризмот да цвета, се вршат напади врз Париз, Шарик мислеше на тоа уште тогаш и беше во право. Исто како (поранешниот канцелар на Германија Герхард) Шредер“, истакна Путин.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.