Песков: Дестабилизацијата во Сирија почна исто како настаните во Украина

На Блискиот Исток и во Северна Африка во голем дел беа употребени технологии за дестабилизација на масите слични на оние применети во Украина пред две години, истакна портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека во голем дел се употребени слични технологии за дестабилизација на Украина пред две години и на Блискиот Исток и во Северна Африка. Според неговите зборови, станува збор за провокација на масите за насилна промена на системот, пренесува РИА „Новости“.  

„Ете ги тие „црвени знаменца“ на таа технологија, секаде се забележливи подеднакво. И несомнено, многу нешта што ги видовме во Украина пред две години, се разбира, имаа многу аналогни црти со она што го видовме на Блискиот Исток и во Северна Африка“, рече Песков во документарниот филм на Саида Медведева „Светски поредок“ што се прикажа на телевизијата „Русија 1“.

„Тоа се едноставно такви високи технологии за провоцирање на масите за насилна промена на системот“, додаде тој.

Според зборовите на Песков, станува збор за наметнување некаков систем кој се позиционира како демократија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња