Претседателот на САД Барак Обама ја повлече на 18 декември забраната за извоз на сурова нафта од САД која беше на сила 40 години. Според мислењето на Кенет Рапоза од магазинот „Форбс“, „појавата на нов извозник“ ќе влијае на светскиот пазар, меѓутоа Русија нема причини за загриженост, пренeсува РИА „Новости“.
Аналитичарот нагласува дека за мнозинството европски компании излегувањето на САД на пазарот ќе биде момент од пресудна важност. Тој смета дека САД полека ќе почнат да привлекуваат дел од пазарот на нафта од руските компании. Во овој момент Русија е главен испорачувач на нафта и гас за Источна Европа и Германија, а укинувањето на забраната за извоз на американска нафта ќе биде причина за конфронтации, затоа што некои држави, меѓу другото и балтичките земји, загрижени поради недостигот од алтернативни решенија во изборот на испорачувач, сега ќе добијат можност за избор.
Сепак, укинувањето на забраната за извоз е значи дека Америка ќе се збогати и ќе го подели пазарот на нафта, пред сѐ поради тоа што американската нафта за Европа ќе биде далеку поскапа од руската, а се наоѓа и многу подалеку. Освен тоа, забраната за извоз на американска нафта не беше апсолутна, така што оваа година САД извезоа 475 илјади барели во Канада. Тешко дека ќе се зголеми извозот во наредните години, заклучува Рапоза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче