Русинката Софија Никитчук втора на „Мис на светот“

Првото место го зазеде претставничката на Шпанија Миреја Лалагуна Ројо.

Претставничката на РусијаСофија Никитчук стана прва придружничка на натпреварот за „Мис на светот“ што се одржа во кинескиот град Сања на островот Хајнан, пишува РИА „Новости“.

Првото место го зазеде претставничката на Шпанија Миреја Лалагуна Ројо.

Натпреварувањето предвидува неколку етапи: национален костум, презентација на хуманитарен проект, натпревар на таленти. Вечерниот фустан за финалето за Никитчук беше креација на рускиот дизајнер Игор Чапурин.

22-годишната Софија Никитчук е родена во Екатеринбург. Дипломирала на Уралскиот федерален универзитет, на факултетот за хуманистички науки и уметности. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња