Обединувањето со Русија за борба против тероризмот и економските и политичките предизвици е во интерес на Европа, Москва е отворена за тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во документарниот филм на Владиир Соловјев „Светски поредок“, од кој дел беше прикажан на телевизијата „Русија 1“ во саботата, пренесува ТАСС.
„Интерес на европските земји е да ги обединат напорите. И во економијата, и во политиката, и во борбата со тероризмот. Да ги обединат напорите со Русија. Ние сме подготвени за таа работа, отворени сме, немаме намера да се лутиме поради тие санкции. Ние чекаме. Ги чекаме сите“, соопшти претседателот.
Одговарајќи на прашањето за непријателските дејствија на Турција, која го собори рускиот Су-24, Путин повторно изјави дека не сака да ги влошува односите со турскиот народ.
„Турција – тоа не е Европа. Тоа, како прво. А како второ, како што јас веќе кажав во Обраќањето и сега сакам да повторам: ние го сметаме турскиот народ за пријателски народ. И не сакаме да ни бидат расипани односите токму со турскиот народ. А што се однесува до сегашното раководство (на Турција) – ништо не е вечно под сонцето“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче