Иран ќе испорача во Русија 9 тони збогатен ураниум во замена за 137 тони ураниумов концентрат во текот на наредниве денови, изјави шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран Али Акбар Салехи говорејќи на научна конференција во Техеран, пренесува ТАСС.
„Имаме подготвено зделка за размена со Русија, согласно која од Русија ќе добиеме 137 тони таканаречена „жолта пита“ (ураниумов концентрат, сировина за збогатување), а следниве денови ќе извеземе во Русија 9 тони збогатен ураниум“, ги пренесува зборовите на Салехи иранската агенција ИРНА.
Согласно нуклеарниот договор склучен во Виена од страна на Техеран и „шесторката“ меѓународни посредници (петте постојани членки на СБ ООН и Германија), Иран е должен да ги намали своите резерви на збогатен ураниум од 10 тони на 300 килограми. Постојните 10 тони и произведениот во иднина вишок збогатен ураниум Иран е должен да го продава. За размена има право да добие ураниумова руда или нејзин концентрат на слободниот пазар.
Претходно постојаниот претставник на РФ во меѓународните организации во Виена Владимир Воронков изјави дека Иран деновиве ќе го испрати вишокот од збогатениот ураниум во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче