Европа и Турција го затворија своето небо за авионите на стратешката авијација на РФ која нанесува удари врз „Исламската држава“ во Сирија, поради што руските пилоти беа принудени на подолга маршрута за заобиколување на Европа, изјави во саботата заменик-командантот на стратешката авијација на ВКС РФ генерал-мајор Анатолиј Коновалов, пренесува РИА „Новости“.
„Оленегорск е најсеверниот наш аеродром кој овозможува да се зголеми дометот и да се направи полнење со гориво во воздух. Имаше определени моменти кои ја исклучуваа можноста за извршувањето на задачите според друга варијанта. Европа не дозволуваше, Турција не дозволуваше“, рече Коновалов.
Тој додаде дека дури и во такви услови стратешката авијација докажала дека е способна да ги исполни поставените задачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче