Украина воведе мораториум на исплатата на рускиот долг

Владата на Украина денеска воведе мораториум на исплатата на долгот од 3 милијарди долари спрема Русија, соопшти премиерот Арсениј Јацењук.

Украина соопшти дека воведува мораториум на исплатата на долгот од 3 милијарди долари спрема Русија, како и на враќањето на 507 милиони долари за руските банки врз основа на долгот на конструкциското биро „Јужное”  и компанијата „Укравтодор“ за кои постојат државни гаранции, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, додавајќи дека Киев е подготвен по тој повод да оди на суд со Москва.

„Владата на Украина денес воведува мораториум на исплатата на таканаречениот руски долг... Воведуваме мораториум на исплатата на 3 милијарди и 75 милиони долари руски обврзници“, изјави Јацењук, пренесува „Взгљад”.

Според Јацењук, вкупниот украински долг спрема Русија изнесува 3 милијарди и 582 милиони долари.

Претходно Москва соопшти дека планира да ја тужи Украина ако Киев не го исплати долгот до 20 декември. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.