Турција бара помош од Украина во борбата со „руската пропаганда“

Анкара побара од Киев помош во борбата со руската пропаганда, изјави заменик-министерот за информативна политика на Украина Татјана Попова.

Анкара побара од Киев помош во борбата со руската пропаганда, изјави за „Европска правда“ заменик-министерот за информативна политика на Украина Татјана Попова, пренесува „Лента.ру“.

„Неодамна претставници на Турција побараа од нас методолошка помош во борбата со руската дезинформација“, изјави Попова.

Според нејзините зборови, во четвртокот, 17 декември, претставници на Министерството за информативна политика, на информативниот оддел на Министерството за одбрана на Украина и на проектот StopFake имале средба со турски дипломати.

„Ги разгледавме можните варијанти за соработка. На пример, стана збор за одржување обука за претставниците на Турција“, прецизираше министерката, истакнувајќи дека Анкара во текот на последниве недели повеќепати се обраќала до нејзиниот ресор во врска со тоа прашање.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.