Рогозин зборуваше за руски „Мистрали” во руски бродоградилишта

Ние сепак ќе правиме свои носачи на хеликоптери во свои бродоградилишта., изјави потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.

Руското претпријатие за производство на авиони „Прогрес” во 2017 година ќе го зголеми двојно производството на хеликоптери Ка-52, а Русија во своите бродоградилишта ќе почне со производство на свои носачи на хеликоптери, изјави потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин.

„Се запознавме денеска и со текот на работите на бродската верзија на нашиот борбен хеликоптер Ка-52. Во рамките на експериментално-конструкциските работи за нашите „Мистрали“ се произведени четири хеликоптери, но ние сепак ќе правиме свои носачи на хеликоптери во свои бродоградилишта. Затоа обемот на производство на хеликоптери во 2017 година ќе достигне 50 парчиња годишно. Тоа е фактички удвоено производство“, истакна Рогозин, пренесува „Взгљад”.

Во јули 2015 година Русија и Франција го раскинаа договорот за набавка на два брода-носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња