Песков: НАТО неправилно ги толкува зборовите на Путин за Русите во Донбас

Јенс Столтенберг смета дека Владимир Путин го признал присуството на руска војска на истокот на Украина.

Во текот на големата годишна прес-конференција претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија никогаш не демантирала дека во Украина „нема наши луѓе кои се занимаваат со решавање на одделни прашања, вклучувајќи ги и прашањата во воената сфера, но тоа не значи дека таму има редовна руска војска “. Генералниот секретар на НАТО ги протолкува тие зборови како наводно признание дека во Донбас има руски воени стручњаци, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека зборовите на Путин за доброволците во Донбас никако не можат да се толкуваат како признание за постоењето на руската војска таму.  

„Беше војна, луѓе одеа да војуваат, пукаа, учествуваа во судирите – на таква „воена сфера“ и мислеше“, одговори Песков.

Новинарите уште еднаш прашаа дали тоа значи дека не станува збор за стручњаци на руската војска туку за доброволци, Песков потврди со „да“. Да се толкуваат зборовите на Путин како признание за постоење на руска војска во Донбас е „апсолутно неправилно“, нагласи Дмитриј Песков.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња