Токму задниот дел на соборениот во Сирија бомбардер Су-24 бил погоден од ракета „воздух-воздух“ на ловец Ф-16 на турското воено воздухопловство, изјави во петокот началникот на информатичко-аналитичкиот оддел на службата за безбедност на летовите на авијацијата на ВС РФ полковник Андреј Семјонов, пренесува РИА „Новости“.
„Црната кутија“ обично се наоѓа во задниот дел на авионот. Затоа во задниот дел на Су-24М освен ударната сила од судирот со земјата, имала влијание и ударната сила од турската ракета истрелана од Ф-16“, изјави Семјонов на брифингот во Министерството за одбрана по повод дешифрирањето на „црните кутии“ на соборениот Су-24.
Анкара тврди дека го соборила Су-24 затоа што авионот го нарушил нејзиниот воздушен простор. Генералштабот на РФ изјави дека авионот не ја преминал границата, повикувајќи се на податоците на сириската ПВО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче