Приходите на терористичката група „Исламска држава“ од илегалната трговија со нафта достигнуваат износ од 1,5 милиони долари дневно, а поголемиот дел се реализира преку Турција. Ова го изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин во четвртокот на седницата на Советот за безбедност на ООН, на која тој подробни ја изложи шемата за испорака на нафтата на ИД преку турска територија, пренесува ТАСС.
Во најголемиот број случаи, транспортот на нафта со цистерни се одвива преку граничните премини на сириско-турската граница, потоа нафтата во Турција се преработува во рафинеријата во градот Батман, но основниот превоз на енергенси се испорачува преку турските пристаништа на брегот на Средоземното море, пред сѐ преку пристаништето Џејхан, изјави Чуркин.
Според него, против Турција можат да бидат воведени санкции на Советот за безбедност на ООН доколку се разјасни дека таа земја не презема „доволно ефикасни мерки“ за борба против финансирањето на тероризмот.
„Постои соодветен механизам на санкции и под нив можат да се најдат и правни и физички лица од Турција. Може (да се најде под санкции) и земјата доколку се разјасни дека таа не презема доволно ефикасни мерки во борбата против финансирањето на тероризмот“, изјави рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче