Русија ќе ги предложи Псков и Свијажск за УНЕСКО

Русија сака да ги вклучи спомениците на архитектурата Псков (730 км северозападно од Москва) и Свияжск (остров во република Татарстан која е во составот на Руската Федерација) на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Русија сака да ги вклучи спомениците на архитектурата Псков (730 км северозападно од Москва) и Свияжск (остров во република Татарстан која е во составот на Руската Федерација) на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Соодветното прашање ќе биде поднесено за разгледување на седницата на комитетот на организацијата во 2017 година. Ова на 14 декември на Санкт-Петербуршкиот културен форум го соопшти заменик-министерот за култура за државна заштита на културното наследство Владимир Цветнов.

Како што изјави за „Руска реч на македонски“ генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, „целта на организацијата е да се вклучат колку што е можно повеќе споменици на списокот за заштита, но сето тоа зависи од владите: кои објекти ќе ги предложат тие за вклучување во списокот“.

„Русија има многу голем потенцијал според бројот на историски споменици и други објекти. Јас би ја повикала Русија да се вклучи во конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство (донесена во 2003 година) затоа што сметам дека вашата земја е богата со традиции и културна разновидност. Разговарав за ова со министерот за култура Владимир Медински на средбата, тој го прими ова со интерес“, истакна Бокова.

Бокова исто така раскажа за разговорот со Медински по повод реконструкцијата и демонтирањето на 14 (административен) корпус на Кремљ: „Документите за реконструкција на објектите на територијата на Кремљ само се внесени од страна на Русија во УНЕСКО, нашите експерти ќе ги проучат и ќе дадат заклучок. Важно е што има дијалог, одлуката да не биде донесена без наше знаење“.

Во моментов на списокот на Светското наследство на УНЕСКО се ставени над 20 објекти од Русија. Шест од нив се признаени за бисери на човечкиот гениј, а 10 објекти се вклучени според природните критериуми. Четири од нив се признати како „природни феномени со исклучителна убавина и естетска важност“.

Историскиот центар на Санкт-Петербург и поврзаните со него комплекси од споменици, архитектурниот ансамбл „Московски Кремљ“ и Црвениот плоштад, како и Кижските гробишта се сметаат за први руски архитектурни објекти кои се здобиле со зашта на специјалниот комитет на ООН.

Читајте повеќе на https://www.rbth.com//multimedia/2015/06/11/unesco_97039

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.