„Русија не вложи 3,5 милијарди долари во атомската електро-станица „Акују“, прашањето за иднината на тој проект треба да се реши на корпоративно ниво – тоа е чисто комерцијално прашање и ние немаме преземено ниту еден чекор кој би им наштетил на нашите економски интереси. Но тоа е работа на „Росатом“ и неговите партнери. Колку што ми е познато, соодветна разрешница уште не е дадена ни од турска страна, за да може да се смета тој проект за приоритет и за да може работи“, изјави претседателот Путин, пишува „Взгљад“.
На 9 декември претставници на Министерството за енергетика на Турција соопштија дека Анкара разгледува други кандидати за изградба на АЕЦ „Акују“.
Тогашниот вицепремиер на Турција Нуман Куртулмуш изјавуваше дека Турција во целост е подготвена за последиците од руските економски санкции. Во однос на иднината на проектот АЕЦ „Акују“, вицепремиерот изјави дека „засега е сѐ уште рано да се зборува за тоа“. Сепак, тој потенцираше дека „во светот многу земји се занимаваат со изградба на атомски електро-станици“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче