„Читав на интернет и во разни изданија за Екатерина Тихонова (наводната ќерка на Путин – забелешка на „Взгљад). Сѐ до неодамна зборуваа дека моите ќерки се образуваат во странство и таму живеат. Сега, фала му на Бога, велат дека живеат во Русија“, нагласи претседателот, пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, неговите деца живеат во Русија, тука стекнале образование и не живееле никаде на друго место. „Се гордеам со нив, тие продолжуваат да се образуваат и работат овде“, додаде тој.
„Моите ќерки течно говорат три европски јазика и не само тоа, туку ги користат тие јазици во својата работа“, рече Путин и додаде дека тие се служат и со уште два источни јазик и дека едната ќерка разбира и четврти јазик – европски.
„Тие ги прават првите чекори во кариерата, но постигнуваат успеси. Никогаш не дискутирам за прашања поврзани со моето семејство. Тие не се занимаваат ниту со бизнис ниту со политика“, рече Путин.
Според неговите зборови, тој не планира да разговара за тоа со што се занимаваат неговите ќерки, помеѓу другото и поради безбедносни причини. „Сметам дека секој човек има право на свој живот. Тие никогаш не биле „деца на ѕвезда“. Никогаш не уживале во фактот дека во нив се вперени светлата на рефлекторите“
Коментирајќи го проектот на Екатерина Тихонова на МГУ претседателот рече дека „без оглед кој е ангажиран на тој проект, а станува збор за иницијатива на ректорот, тоа е добра иницијатива чија цел е да ги поврзе можностите на високото образование со потребите на компаниите од домашната економија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче