„Мир“ - прва национална платежна картичка во Русија

Во моментов има повеќе од 1,5 илјади банкомати каде може да се плати со платежната картичка „Мир“ и да се извадат пари во готовина, изјави првиот човек на Националниот систем за платежни картички Владимир Комлев.

Во Русија веќе функционираат над 1,5 илјади банкомати и стотици POS-терминали кои работат со националната платежна картичка „Мир“, изјави првиот човек на Националниот систем за платежни картички (НСПК) Владимир Комлев на прес-конференција, пренесува РИА „Новости“.

„Станува збор за стотици POS-терминали и за повеќе од илјада и петстотини банкомати каде може да се плати со картичките на платежниот систем „Мир“ и каде во моментов можат да се подгигнат пари во готовина“, рече Комлев.

„Се надеваме дека оваа мрежа ќе се развива многу брзо“, додаде Комлев. До крајот на третиот квартал на 2016 година мрежата за работа со картичките „Мир“ треба да достигне околу 90% од вкупната мрежа за работа со картички во Русија, додаде тој.

Банката на Русија и НСПК во вторникот објавија дека седум руски банки почнале со издавање на првите картички „Мир“.

НСПК беше создадена откако кај руските банки, поради санкциите од САД, се појавија проблеми со меѓународните платежни системи Visa и MasterCard. Во јули 2014 година беше формирано АД „НСПК“ во целосна сопственост на Банката на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња