Индија ќе купи од Русија 5 ракетни системи С-400 („Триумф“) од последна генерација, соопштува ТАСС повикувајќи се на весникот „Хиндустан тајмс“.
Вредноста на договорот што ќе го потпишат владите на двете земји изнесува 6 милијарди долари. Истиот вклучува и испорака на 6 илјади парчиња муниција.
Според информациите на изданието, официјална објава може да има во текот на првата државничка посета на премиерот на Индија Нарендра Моди на Русија, планирана 23-24 декември. Претходно набавката треба да биде одобрена од Советот за одбранбени набавки на Индија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче