Реториката на Турција што следеше по инцидентот со соборениот руски бомбардер Су-24 ги затвори можностите за конструктивен дијалог со Русија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.
„По она што го видовме – не само по соборувањето на бомбардерот, туку и по онаа страшна реторика што започна од страна на Анкара – потоа, за жал, се затвори можноста за конструктивен дијалог“, истакна Захарова на брифингот.
Односите меѓу Русија и Турција западнаа во криза откако на 24 ноември турски ловци соборија руски бомбардер Су-24 над Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче