Турција не планира да ѝ ја надомести штетата на Русија за соборениот руски авион Су-24, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танжу Билгич.
„Невозможно е да се реализира барањето на Русија за компензација на штетата за соборениот авион“, изјави Билгич, а пренесува „Взгљад”.
Билгич додаде дека Русија треба да гарантира дека нејзините авиони повеќе нема да го нарушуваат воздушниот простор на Турција.
Претходно во средата, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков изјави дека Накара би требало да размисли за надоместување на штетата што ја претрпе Москва поради соборувањето на бомбардерот Су-24 и да гарантира дека ништо слично нема да се случи во иднина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.