„Ростуризм“ го пушти во работа туристичкиот портал Russia.travel со информација за знаменитостите, историските места и спомениците во Русија, соопшти во средата прес-службата на руското Министерство за култура, пренесува РИА „Новости“.
„Проект беше започнат од „Ростуризм“ во 2013 година во рамките на реализацијата на Федералната целна програма „Развој на внатрешниот и влезниот туризам во Руската Федерација (2011-2018 година)“. Основата на содржината на порталот Russia.travel ја сочинуваат знаменитостите, историските места и спомениците. При создавањето на Russia.travel беше земено предвид искуството од најпосетуваните туристички портали на земји како што се Швајцарија, Норвешка и Велика Британија“, се вели во соопштението.
Според зборовите на првиот човек на „Ростуризм“ Олег Сафонов, порталот треба да стане ефикасен маркетиншки инструмент за промоција на домашните туристички производи на домашниот и странскиот пазар, за зајакнување на имиџот на Русија како туристичка земја.
Порталот е интегриран со порталот Култура.РФ и Visit-petersburg.ru. Во најскоро време ќе биде направен интеграција со www.feelrussia.com и со низа регионални туристички портали. Содржината на порталот ќе биде преведена на најважните светски јазици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.