Путин го суспендираше Договорот за зона за слободна трговија со Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот со кој Русија од 1 јануари 2016 година го запира договорот за зона за слободна трговија со Украина.

„Во врска со исклучителните околности кои се однесуваат на интересите и економската безбедност на РФ и кои бараат неодложни мерки наложувам од 1 јануари 2016 година запирање на Договорот за зона за слободна трговија во однос на Украина, потпишан во Санкт Петербург на 18 октомври 2011 година“ се наведува во указот, објавен на официјалниот портал за правни информации.

Во средината на ноември руската влада донесе одлука од 1 јануари 2016 година да воведе ембарго на прехранбени производи за Украина.

Тоа беше одговор на приклучувањето на Киев кон европските санкции против Русија. Според зборовите на премиерот на Русија Дмитриј Медведев, загубите на Киев настанати поради руското ембарго изнесуваат стотици милиони долари, пишува „Взгљад“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.