Медведев се залага за државна регулација на интернетот

Регулација на интернетот е неопходна, без оглед на неговата отвореност и со тоа треба да се занимаваат меѓународните организации, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев на II Светска конференција за интернет што се одржува во Кина.

„Ние го поддржуваме курсот за зајакнување на улогата на меѓународната заедница и разработката на глобална политика во таа област. Сметаме дека тоа треба да се прави под закрила на меѓународните институции вклучувајќи ја и Организацијата на обединетите нации, меѓу другото и потпирајќи се на организацијата Меѓународен унија за телекомуникации“, изјави Медведев, потенцирајќи дека поединечни земји не можат да бидат во улогата на „универзален регулатор на глобалната мрежа“. Притоа тој изрази увереност дека глобалната мрежа треба „да остане отворен, глобален и дисперзиран ресурс“.

Интернетот, како што истакна шефот на руската влада, е ранлив за хакерите, активно го користат терористите, како што покажаа неодамнешните терористички напади во Париз. Покрај тоа, според него, се појавија совршени системи за електронско следење, што е закана за безбедноста и суверенитетот на државите и „ја поттикнува трката во информатичко вооружување“.

Проблемот со безбедноста на интернетот бара интензивно внимание на светската заедница која треба да создаде правила за однесување на државите во информатичкиот простор, изјави Медведев. „На наш поглед, таквите правила треба да се базираат на правила на неприменување на сила, почитување на државниот суверенитет, немешање во внатрешните работи на државите, почитување на основните права и слободи на човекот“, додаде тој.

Медведев изјави дека во Русија речиси 80 милиони луѓе користат интернет, а обемот на трговија на интернет изнесува 2,2,% БДП. Тој го истакна успехот на руските ИТ-компании на меѓународните пазари и изрази увереност  дека информатичките технологии ќе продолжат активно да се развиваат во РФ, пишува „Лента.ру“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња