Како што пренесуваат руските медиуми, Белорусија бара кредит од три милијарди долари, а Русија – воена воздухопловна база на територијата на соседната и сојузничка држава.
Но проблемот е во тоа што на Лукашенко ќе му биде тешко на своите сонародници да им објасни зошто прифатил изградба на руска база после толку многу ветувања дека тоа нема да го стори, а Русија во одредена мера е незадоволна поради тоа што Белорусија не го поддржа нејзиниот став за Украина и Крим, смета политикологот, соговорник на весникот „Независимаја газета“ Денис Мељанцов.
„Кога белорускиот претседател по соборувањето на рускиот воен авион во Сирија се состанува со претседателот на Азербејџан, близок сојузник на Ердоган и САД, во Кремљ се поставуваат одредени прашања. Згора на тоа, истиот ден кога Лукашенко доаѓа на преговори во Москва, белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј преговара во Брисел со раководството на ЕУ и НАТО кои на Белорусија со задоволство би ѝ понудиле кредит од ММФ во замена за откажување од руска воена база во земјата“, вели политикологот.
Лукашенко повторно се обидува да направи „дипломатска шпага“, се сетија белоруските експерти на терминот кој традиционално ја прикажува неговата политика на балансирање меѓу Истокот и Западот. Изгледа убаво, но е тешко долго да се остане во таква положба, дури и ако човекот смета дека добро ја извежбал таа шпага, велат тие.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче