Дански брокери предвидуваат цена на нафтата од 100 долари во 2016 година

Во случај на намалување на производството на нафта, цените брзо ќе почнат да растат и инвеститорите ќе побрзаат да заземат позиција, а цените ќе се приближат до психолошки значително ниво од 100 долари за барел, сметаат аналитичарите.

Една од најголемите брокерски компании за пазарот на девизи на светот „Саксо Банк“ (Saxo Bank) ја објави годишната, дванаесетта по ред, „шокантна прогноза” за 2016  година, во која изнесе прогноза дека ќе дојде до пораст на цената на нафтата до 100 долари за барел и до пораст на курсот на рубљата за 20%.

Прогнозите на брокерите се само шокантни предвидувања на настани кои не мора да се случат. Аналитичарите не одрекуваат дека веројатноста да се остварат нивните прогнози е мала. Како што истакнува главниот економист на „Саксо Банк“ Стин Јакобсен, аналитичарите на банката само се обидуваат да ги предвидат и најават трендовите за идната година.

Евтината нафта меѓу учесниците во картелот на производители на нафта ќе предизвика сомнеж во правилноста на стратегијата „испорачај и владеј“. На крајот ќе се појави долго очекуваното намалување на производството на нафта во земјите надвор од ОПЕК. Во поволен момент картелот ќе го изненади пазарот со нагло намалување на производството. Во тој случај цените брзо ќе почнат да растат и инвеститорите ќе побрзаат да заземат позиција, а цените ќе се приближат до психолошки значително ниво од 100 долари за барел, сметаат аналитичарите на „Саксо Банк“, пренесува „Взгљад”.

Кон крајот на 2016 година растот на цената на нафтата и неоправданиот мал пораст на каматната стапка на американскиот систем за федерални резерви ќе ѝ овозможи на руската валута да зајакне за околу 20% во однос на бивалутната кошничка (0,45 евро и 0,55 долара), смета „Саксо Банк“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.