Захарова: „Хируршките напади” на САД врз ИД да не бидат пластична хирургија

Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека нападите врз ИД треба да се вршат со хируршка прецизност.

Министерството за надворешни работи на Русија се надева дека борбата на Вашингтон против „Исламската држава“ нема да биде само „пластична хирургија” која не го решава проблемот, изјави портпаролот на МНР РФ  Марија Захарова.

Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека нападите врз ИД треба да се вршат со хируршка прецизност.

„Обама рече дека врз ИД треба да се вршат „хируршки напади“. Најважно е дека Вашингтон не треба да го сфати тоа како пластична хирургија која место да го решава проблемот, само го менува неговиот облик“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил, пренесува РИА „Новости”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња