Русија извезе оружје во вредност од 11,6 милијарди долари

Вредноста на нарачките во моментов надминува 57 милијарди долари, изјави помошникот на претседателот на Русија Владимир Кожин и констатираше дека испораките во иднина само ќе растат.

Русија од почетокот на оваа година на странски држави им испорачала воени производи во вредност од околу 11,6 милијарди долари, а вредноста на нарачките надминува 57 милијарди долари и само ќе се зголемува, изјави помошникот на претседателот на Русија за воено-техничка соработка Владимир Кожин.  

„На крајот на годинава можеме да кажеме дека нашиот воено-индустриски комплекс и „Рособоронекспорт“, кому му е доверено да ги претставува неговите интереси на странскиот пазар, успеаја да ги исполнат своите задачи. До овој момент се испорачани воени производи во вредност од околу 11,6 милијарди долари, а испораките продолжуваат. Секако дека ќе ги реализираме плановите за кои му рефериравме на претседателот на почетокот на годината“, рече Кожин на свеченоста за врачување на наградите на Федералната служба за воено-техничка соработка „Златна идеја“.

Според неговите зборови, портфолиото со нарачки заклучно со вчерашниот ден изнесува над 57 милијарди долари и во иднина ќе се зголемува, пренесува  РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња