Иран ги повлекува своите елитни воени единици од Сирија, соопшти деновите новинската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на американски воени извори. Така е одлучено затоа што иранската армија наводно трпи големи загуби во Сирија и затоа во земјата ќе останат од 700 до 1000 војници и офицери.
Повлекувањето на иранската војска не е официјално потврдено, но стручњаците смтаат дека е можно, пишува „Свободнаја Преса“.
„Треба да се каже дека Иранците во Алепо навистина трпат големи загуби“, вели Сергеј Балмасов, „додека стратешки успеси и понатаму нема. Затоа Иран е пред избор: да го зголеми своето воено присуство или да ја префрли одговорноста врз други... Ако дојде до тоа Иран да ги повлече своите специјални единици, ние сме под удар. Русија во тој случај ќе мора да заглави во конфликтот уште подлабоко. Освен пробивот на воениот аеродром Кувејрис северно од Алепо, други воени успеси во Сирија нема. Напротив, постои тенденција да се влоши ситуацијата: терористите преземаат обиди за контранапад во Латакија, Хама и Хомс. Дури и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу признава дека ИД го шири своето влијание и покрај бомбардирањата кои траат веќе два месеца“.
Професорот на катедрата за ориенталистика на Московскиот државен институт за меѓународни односи, иранистот Сергеј Дружиловски исто така вели дека е можно Иран да ги повлече своите трупи од Сирија, но експертот укажува на тоа дека во тој случај ќе го ослаби не само сирискиот режим, туку и либанското движење Хезболах.
„Ако Асад биде отстранет, патот кон Либан е 100% затворен“. Затоа професорот сета дека сепак не станува збор за повлекување на Иран од Сирија, туку само за некаков вид на ротација на војската.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче