Нафтената компанија „Черноморнефтегаз“ соопшти дека турски комерцијален брод го попречувал пренесувањето на нафтена платформа на нова локација во Црното море и затоа два брода на руската воена морнарица го натерале турскиот брод да го промени курсот, пренесува „РT“.
Нафтената платформа без оглед на овој инцидент и неповолните услови за пловидба е безбедно пренесена на новата локација, соопштува компанијата.
Ова е втор поморски инцидент меѓу Русија и Турција за само два дена. Вчера рускиот патролен брод „Сметливи“ спречи судир со турски рибарски брод.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.