Путин: Да се спречат терористите во илегалната трговија со скапоцености

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светската заедница мора да ги обедини напорите во борбата против илегалната трговија со културни добра, затоа што така стекнатите пари се користат за финансирање на терористи.

„Познато ни е дека парите, стекнати на криминален начин, исто како и парите добиени од продажба на дрога и шверц со нафта, одат меѓу другото и за финансирање на терористи и екстремистички дејности“, изјави Владимир Путин на Четвртиот меѓународен културен форум во Санкт Петербуг, пренесуваат медиумите.

„Се надеваме дека меѓународната заедница ќе успее да ги обедини напорите за да ги пресече тие канали за финансирање на разбојниците“, нагласи Путин.

Терористите во Сирија, како што веќе пишуваа медиумите, тргуваат со уметнички предмети од окупираните територии. Арабистот Надежда Глебова изнесе во својата колумна на порталот „Рабкор“ интересни податоци. Дилерите на западниот црн пазар им давале на претставници на „Исламската држава“ вртоглави суми во висина меѓу 20 и 50 илјади долари за една трансакција на опљачкано богатство во близина на градот Набук. Меѓу опљачканите предмети се наоѓаат и такви стари до осум илјади години, пишува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња