Шефицата на дипломатијата на Европска унија Федерика Могерини не гледа сериозни пречки на патот кон продолжувањето на антируските економски санкции и смета дека тоа прашање ќе се разгледува на самитот на шефовите на државите-членки на ЕУ на крајот на неделава, пренесува РИА „Новости“.
„Русија не е на нашата агенда. Ако министрите посакаат да го разгледаат тоа прашање, тоа за мене не е проблем. Но колку што разбрав, тоа ќе се разгледува на Евросоветот (самитот на шефовите на држави-членки на ЕУ) кој ќе се одржи неделава. Не гледам сериозни пречки меѓу земјите на ЕУ за политичко решение, но јас не решавам“, изјави таа, одговарајќи на прашање за санкциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче