Руските безбедносни служби сметаат дека причина за падот на А321 е терористички чин, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во понеделникот, коментирајќи го извештајот на Египет за отсуство на докази за терористички чин со кој е соборен А321.
„Единствено можам да потсетам на извештајот на нашите експерти од соодветните безбедносни служби кои дојдоа до заклучок дека тоа беше терористички чин“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата што комисијата ја даде во понеделникот, пренесува РИА „Новости“.
На 31 октомври 2015 година авионот Ербас А321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“ беше соборен над Синајскиот полуостров при што загинаа 217 патници и 7 членови на екипажот. Првиот човек на ФСБ РФ Александар Бортников изјави дека катастрофата се случила како последица на терористички чин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче