Турција не е поддржувач на конфликтот во односите со Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти телевизијата „Хабертурк“, а пренесува ТАСС.
„Што се однесува до Турција, ние не сме приврзаници на конфликт. Сакаме да ги продолжиме на истиот начин нашите стратешки односи со Русија. Ние со успех ги развивавме последниве 10-11 години и сме за тоа да продолжат“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека „тешко му е да сфати на што се основани изјавите“ на некои аналитичари дека ситуацијата со соборениот Су-24 била намерна замка за двете земји.
„Инцидентот што се случи поради тоа што неидентификуван авион го наруши воздушниот простор и не одговараше на предупредувањата, нѐ тера да се замислиме и нѐ вознемирува. Пилотот не ги слушаше предупредувањата. И во таа ситуација нашите пилоти ги извршија своите должности. Инцидентот се случи поради грешка на пилотот кој не реагираше на предупредувањата и не ги слушаше“.
Претседателот Ердоган апелираше турско-руските „стратешки односи да не трпат поради инцидентот“. „Би сакал во најскоро време да поправиме сѐ“, истакна Ердоган.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче