Чавушоглу: Трпението на Турција има граници

Трпението на Анкара во билатералните односи со Русија има граници, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу коментирајќи го инцидентот со рускиот брод „Сметливи“.

„Таму имаше само еден наш рибарски чамец, ми се чини, реакцијата на рускиот брод беше претерана“, изјави шефот на турската дипломатија. „Русија и Турција, несомнено, треба да воспостават доверливи меѓусебни односи, какви што секогаш сме имале, но нашето трпение има граници“, рече Чавушоглу, пренесува „Ројтерс“.

Според неговите зборови, Русија веќе се ставила себеси во глупава ситуација со изјавата дека Анкара го соборила рускиот авион обидувајќи се да ја заштити нафтата што ја испорачува „Исламската држава“.

Чавушоглу исто така ја критикуваше воздушната операција на ВКС РФ во Сирија, изјавувајќи дека во целите на Москва не спаѓа борбата против тероризмот и дека само осум проценти од нападите се нанесуваат врз позициите на ИД. Тој исто така изјави дека победата над бунтовниците е можна само со испраќање воен контингент во зоната на конфликтот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња