Медиум: Хашкиот суд никогаш нема да почне постапка за припојувањето на Крим

Меѓународниот кривичен суд во Хаг дури при крајот на 2017 година би можел да добие овластување да ги разгледува случаите поврзани со таканаречените чинови на агресија и тоа во случај ако овие норми бидат ратификувани од најмалку 30 држави.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг не може врз основа на барањето на Украина да започне постапка по повод влегувањето на полуостровот Крим во состав на Русија, изјави портпаролот на судот Фади ел Абдала, пренесува РИА „Новости” повикувајќи се на украинската агенција УНИАН.

Според зборовите на Абдала, МКС дури при крајот на 2017 година би можел да добие овластување да ги разгледува случаите поврзани со таканаречените акти на агресија и тоа во случај ако овие норми бидат ратификувани од најмалку 30 држави.


„Оваа норма (разгледување на случаи поврзани со „агресија“) е наведена во Римскиот статут, но ќе стапи на сила во 2017 година. Во ноември 2017 година би требало да се одржи гласање за тоа дали сакаме да го активираме тој дел од судската одговорност или не. Во зависност од резултатите на гласањето ќе знаеме дали овој престап ќе биде под јурисдикција на судот“, изјави Абдала.

Со друг зборови, МКС не може да отвори кривична постапка поврзана со разгледувањето на територијалната припадност на Крим. Освен тоа, Украина нема да може да се обрати до судот ни по завршувањето на процедурата.

„Не мислам дека тоа може да се примени врз факти кои ги имало во минатото. Судот нема да разгледува настани кои се случиле пред стапувањето на сила на амандманот за чинови на агресија“, истакна Абдала.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.